МЕЃАШИ ИСТРАЖУВАЊЕ: ОНЛАЈН НАСТАВАТА НАЈБЕЗБЕДНА!

МЕЃАШИ ИСТРАЖУВАЊЕ: ОНЛАЈН НАСТАВАТА НАЈБЕЗБЕДНА! Презентација на резултатите и наодите од истражувањето – Наташа Павиќевиќ Стојменовска – Надворешна соработничка на Детската амбасада МЕЃАШИ – истражувачка; Истражување за ставовите и искуството на родителите/старателите за методите на организирање на образовниот процес на…

0
(0)

МЕЃАШИ ИСТРАЖУВАЊЕ: ОНЛАЈН НАСТАВАТА НАЈБЕЗБЕДНА!
Презентација на резултатите и наодите од истражувањето – Наташа Павиќевиќ Стојменовска – Надворешна соработничка на Детската амбасада МЕЃАШИ – истражувачка;

Истражување за ставовите и искуството на родителите/старателите за методите на организирање на образовниот процес на децата за учебната 2020/2021 година, спроведено) од страна на Првата детска амбасада во светот Меѓаши.
Истражувањето дава увид за мислењата, ставовите и искуствата на родителите/старателите на децата-ученици во основното и средното образование за учебната 2020/2021 година. Во период од 22.07.2020 година до 03.08.2020 година, Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ спроведе квантитативното онлајн Истражување за ставовите и искуството на родителите/старателите за методите на организирање на образовниот процес на децата за учебната 2020/2021 година.
Квантитативното онлајн Истражување за ставовите и искуството на родителите/старателите за методите на организирање на образовниот процес на децата за учебната 2020/2021 година, даде резултати кои претставуваат еден вид глас и пораки од родителите и старателите на децата вклучени во основното и средното образование. Во рамки на истражувањето се добија оформени квантитативни и квалитативни оцени за: ставовите и мислењата на родителите/старателите за приоритетните потреби и интереси на децата во контекст на образовниот процес во новата учебна 2020/2021 година; ставовите и искуствата на родителите/старателите на децата-учениците во основното и средното образование во РМ поврзани со одвивањето на наставата од далечина во периодот март – јуни, 2020 година; за ставовите и очекувањата на родителите/старателите за начините и методите на вклучување на нивните деца во образовниот процес во новата учебна 2020/2021 година. Воедно се обезбедија соодветни информации и препораки, формулирани врз основа на индикативните наоди кои можат да послужат на чинителите и носителите на одлуки во образовниот процес, како поддршка во донесувањето на одлуки за методите на организирање на образовниот процес на децата во новата учебна 2020/2021 година; при тоа приоритетно акцентот треба биде на потребите и интересите на децата.
http://www.childrensembassy.org.mk/pocetna-ns_article-pres-release-7-8-2020.nspx
ИЗВЕШТАЈ СО ИНДИКАТИВНИ НАОДИ ОД СПРОВЕДЕНО ИСТРАЖУВАЊЕ http://childrensembassy.org.mk/content/pdf/%D0%9C%D0%B5%D1%93%D0%B0%D1%88%D0%B8_%D0%98%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%98%20%D1%81%D0%BE%20%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B8%20%D0%BD%D0%B0%D0%BE%D0%B4%D0%B8_%D0%98%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%2027.07.2020%20-%2003.08.2020.docx_lek.pdf

0 / 5. 0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *